Рангирај повисоко.
Конвертирај побрзо.
Расти паметно.
SEO, веб дизајн и мерливи стратегии што ја претвораат видливоста во кликови, лидови, продажби и резултати.
Дел од нашите клиенти






Успешни приказни
Видете како им помогнавме на локални клиенти од Македонија да забележат раст во продажби и успех преку подобрени веб искуства, SEO стратегии, или платени кампањи кои генерирале вистински резултати.
Нашите услуги
Кроени по мерка за вашиот бизнис, нашите услуги гарантираат раст во импресии, псоети и приход.

SEO оптимизација за веб страници
Како експерти за SEO, ви помагаме да рангирате на врвот на пребарувачите. Исто така, изработуваме и егзекутираме стратегии за видливост во AI пребарувачите (ChatGPT, Gemini, итн.). Оваа услуга е идеална за локални бизниси кои сакаат поголема видливост во нивниот локален пазар.
%20(1).webp)
Платен маркетинг (Meta & Google Ads)
Платени реклами не значи само „пушти го адот и чекаме да пишат“. Ако не постои стратегија, анализа и оптимизација — се фрлаат пари во воздух. Нашиот тим гради рекламен систем што носи константен прилив на клиенти, лидови и продажби. Работиме паметно, со поглед на метрики и јасна цел: максимален ROI, не само кликови.
.webp)
Менаџирање на социјални мрежи (SMM)
Точно знаеме кои формати се најпопуларни, како да добиете повеќе следачи, но и директни резултати. Не е битно дали продавате производи или нудите услуги, тука сме да ја преточиме вашата експертиза во успешни социјални кампањи.
.webp)
Веб дизајн
Вашата веб-страница е ваш продажен тим, бренд-амбасадор и 24/7 канал за стекнување клиенти. Нашиот тим креира веб-страници што не само што изгледаат модерно — тие носат резултати, ги претвораат посетителите во клиенти и ја поддржуваат секоја точка од вашата дигитална стратегија.
Рецензии од клиенти
Видете што нашите клиенти имаат да кажат за соработката со digitalis.
Андреј Н.
ГМ, Мегатехна
Бошко Џ.
Ко-основач, Structural
Stephen C.
CEO, Lea Properties
Нашиот тим
Запознај го нашиот тим.
Главната личност позади нашиот бренд - кога не ги држи конците, организира afterwork дружби и викенди.
Филип има око за детали и одлична креативна моќ. Знае да осмисли кампања исто како што осмислува изговори.
Марија е многу повеќе од social стратег - таа е главен критичар за нашите аутфити, но и следбеник на најновите трендови во social светот.
Лео е нашиот stress management guru и една од главните причини за среќа во нашата канцеларија.
Често поставувани прашања
И директни одговори — без маркетинг жаргон.
За почеток, потребно е да закажете консултација по која доколку се решите за соработка со нас, изготвуваме план врз база на вашите цели и буџет. Ќе ги идентификуваме сите канали и сите промени кои се потребни. Стоиме на располагање доколку ви треба и нова веб страница или сакате да го подобрите изгледот на вашата постоечка страница.
Ќе анализираме каде се наоѓа вашиот бизнис во моментов, ќе поставиме јасна стратегија и ќе имплементираме тактики како што се оптимизација на вашата веб-страница, креирање квалитетна содржина, реклами насочени кон вистинската публика и користење на најновите трендови за ангажирање на корисници.
Времето за резултати зависи од стратегијата. SEO резултатите обично се видливи за 3-6 месеци, додека платените реклами и маркетинг на социјални медиуми можат да покажат резултати веднаш (за неколку дена откако се објавени).
Да, најчесто работиме со договори за соработка за период од најмалку 3-6 месеци за да овозможиме квалитетна имплементација на стратегиите и мерливи резултати.
Пред да започнеме, ќе направиме анализа на вашите клучни индикатори и (до)дефинирање на истите. Ќе користиме алатки како Google Analytics, Facebook Business Manager и други платформи за следење на KPI (клучни перформансни индикатори) како што се сообраќај, конверзии, ROI (поврат на инвестиција) и ангажираност на корисниците.
Имате уште прашања?
Ако после ова имате уште прашања, секоја чест...
Вие сте "печени" за состанок.
.png)
.png)
